За ПСК Златоврв Прилеп
Планинарски Спортски Клуб “Златоврв” Прилеп е најстаро планинарско друштво во Република Македонија, основано далечната 1924 година од страна на група прилепски ентузијасти, како Туристичко Друштво “Златоврв” Прилеп. Низ досегашниот период клубот оформил голема традиција во планинарските спортови, прикажувајќи одлични резултати.
Во клубот биле оформени неколку комисии и тоа за ориентација, алпинизам, спелеологија и спасувачи во планина. Сепак, најголемите успеси на клубот се постигнати во спортската ориентација, кога уште во 1967 година екипата на ПД Златоврв стана државен првак во рамките на тогашна СФРЈ. Последните 15 години ПСК Златоврв успешно ја одржува традицијата на најтрофеен клуб во спортската ориентација во РМ, за што говори и фактот дека 80% од членовите на репрезентацијата на РМ во спортска ориентација се членови на нашиот клуб, а успешно се претставува и на меѓународен план, освојувајќи голем број медаљи. Забележителни резултати во последните години, бележи и во рамките на спелеологијата, каде во изминатите три години, членови на клубот учествуваа во истражување на дваесетина пештери и пропасти во Македонија.
повеќе за планинарството во Прилеп и Македонија:
▪ Развојниот пат на ПД Златоврв симни тука
▪ Прилеп и планинарската традиција симни тука
▪ Планинарска организација симни тука