СПЕЛЕОЛОГИЈА

Во околината на Прилеп се истражени шест пештери и тоа:
1. Пештерица
2. Рамниште
3. Дуова Пештера
4. Каменолом
5. Лековита Пештера
6. Пешти
1. ПЕШТЕРИЦА
▪ Накратко за пештерата: Пештерица се наоѓа кај Прилепското Езеро. Изградена е во плиоцени глини и бигори. Има два отвори и вкупна должина од 35 метри. Нема пештерски украси.
Истражувана е од ПСК Златоврв Прилеп на 30.09.2007г.
▪ Скица:

▪ Фотографии:

2. РАМНИШТЕ
▪ Накратко за пештерата: Пештерата Рамниште се наоѓа помеѓу селата Крстец и Оревоец на надморска височина од 1100м. Формирана е во плиоцени езерски карбонатни конгломерати и бречи. Има два отвори, вкупна длабочина од -22м и вкупна должина на каналите од 115м, што ја прави најдолга од наведените пештери во околината на Прилеп. Составена е од три сали, во кои се застапени пештерски украси со претежно бела и црна боја. Особено се истакнува Невестинската Сала, која е исполнета со бели украси. Карактеристичен знак е сталагмитот "Торта" кој се наоѓа на крајот од пештерата.
Истражувана е од ПСК Златоврв Прилеп во повеќе наврати во 2005 и 2006 година.
▪ Скица:

▪ Фотографии:

3. ДУОВА ПЕШТЕРА
▪ Накратко за пештерата: Се наоѓа на југо-источната страна на планината Козјак (1745), сместена на десната страна на скарстена суводолица, непосредно под врвот Козјак на надморска височина од 1670м. Формирана е во калцитски мермери. Се одликува со вкупна должина од 81м, а од украсите кои се во мал број, се издвојуваат сливовите во вид на топки.
Истражувана е од ПСК Златоврв Прилеп на 09.04.2006г.
▪ Скица:

▪ Фотографии:

4. КАМЕНОЛОМ
▪ Накратко за пештерата: Пештерата Каменолом, се наоѓа во близина на каменоломот на Г.П. Маврово, кај с.Тројаци. Нејзиниот отвор е вештачки пробиен за време на проширувањето на патот Плетвар-Градско. Каналите на пештерата се скоро во целост откриени, но поради технички проблеми истражувањето не е завршено. Карактеристично е тоа што скоро целиот објект е исполнет со пештерски корали. Вкупната должина изнесува околу 70м, а длабочината околу 30м.
Истражувана е од ПСК Златоврв Прилеп на 15.10.2007г.
▪ Фотографии:

5. ЛЕКОВИТА ПЕШТЕРА
▪ Накратко за пештерата: Се наоѓа на источната страна на Сува Планина-огранок на Дрен Планина. Влезот е сместен во најдлабокиот дел на една асиметрична вртача на сртот на ридот, заскриен од дабова вегетација на надморска височина од 1150м. Вкупната должина на каналите изнесува 79м, со длабочина од -41м, што ја прави најдлабока од наведените пештери во околината на Прилеп. Лековита или Дренска Пештера како уште се нарекува, е пребогата со украси од најразличен вид и боја. Карактеристика на пештерата и дава сталагмитот Сфинга, која се наоѓа во средината на пештерата.
Истражувана е од ПСК Златоврв Прилеп на 05.08.2007г.
▪ Скица:

▪ Фотографии:

6. ПЕШТИ
▪ Накратко за пештерата: Се наоѓа на јужната страна на Дрен Планина во близина на с.Гуѓаково. Вкупната должина на каналите изнесува околу 200м, со длабочина поголема од 30м. Пештерата се одликува со голема таваница и изобилство на украси, посебно во вториот-долниот дел.
Истражувана е од ПСК Златоврв Прилеп и ИД Урсус Спелеос Скопје на 24 и 25.05.2007г.
▪ Фотографии:
