СПЕЛЕОЛОГИЈА

Спелолошките активности на ПСК Златоврв Прилеп имаат голема традиција. Спелеолошки истражувања во околината на Прилеп и во Мариово се вршени уште во шеесеттите години на минатиот век. Меѓутоа, после тој период, па се до деведесеттите години спелеологијата затајува во клупските активности, за во последните пет-шест години повторно да се реактивира.
Во последните неколку години, спелеолошката секција на ПСК Златоврв Прилеп, предводена од Ангелески Златко и Темовски Марјан, има извршено повеќе самостојни спелеолошки истражувања, како и заеднички истражувања со ИД Урсус Спелеос Скопје. Покрај тоа неколку пати извршено е осветлување на пештерата Рамниште, а посетени се голем број на спелеолошки објекти во Македонија и соседна Бугарија.
р.б. |
име на објект |
локација |
датум\период на истражување |
забелешка |
| 1 | Церова Јама | с.Црешнево, Порече | 06-07.08.2005 | заедно со ИД Урсус Спелеос |
| 2 | Церова Пештера | с.Црешнево, Порече | 06-07.08.2005 | заедно со ИД Урсус Спелеос |
| 3 | Студен Кладенец | с.Црешнево, Порече | 13-14.08.2005 | заедно со ИД Урсус Спелеос |
| 4 | Рамниште | с.Крстец, Прилепско | 2005-2006 | \ |
| 5 | Дуова Пештера | Козјак (Бабуна) | 09.04.2006 | \ |
| 6 | Јаноа Пештера I | с.Самоков, Порече | 08.08.2006 | заедно со ИД Урсус Спелеос |
| 7 | Јаноа Пештера II | с.Самоков, Порече | 08.08.2006 | заедно со ИД Урсус Спелеос |
| 8 | Овчарска Пештера | с.Слатина, Порече | 2006 | истражување на нови канали заедно со ИД Урсус Спелеос |
| 9 | Пешна | Порече | 01.08.2006 | заедно со ИД Урсус Спелеос |
| 10 | Мрзенска Пропаст | с.Мрзен, Тиквешко | 2006 | заедно со ИД Урсус Спелеос |
| 11 | Пешти | с.Гуѓаково, Мариово | 24-25.05.2007 | заедно со ИД Урсус Спелеос |
| 12 | Мелничка I | с.Мелница, Мариово | 26-27.05.2007 | заедно со ИД Урсус Спелеос |
| 13 | Лековита Пештера | с.Дрен, Раечко | 05.08.2007 | \ |
| 14 | Пештерица | Прилепско Езеро | 30.09.2007 | \ |
| 15 | Пурало | с.Слатина, Порече | 13.10.2007 | истражување на нови канали заедно со ИД Урсус Спелеос |