СПЕЛЕОЛОГИЈА
I. Во 2008 година ПСК Златоврв Прилеп планира продолжување на истражувањата на спелеолошките објекти во околината на Прилеп, кои се групирани во три групи:
▪ објекти кои се лоцирани во 2007,а не се истражени:
-Пештера Каменолом (на патот Прилеп Градско, во близина на с.Тројаци)
-Мелничка Пештера II (кај с.Мелница, Мариово)
▪ објекти за кои се има сознание, а не се лоцирани:
-пропаст над с.Беловодица
-пропаст на Козјак (кај Мали Врв (1209м) над с.Тројаци) -пропаст на Козјак (кај Ќаве (1263м) над с.Топлица)
▪ спелеолошки истражување во соработка со ИД Урсус Спелеос Скопје:
-повеќе објекти во Порече и Мариово
II. Во состав на планинарската школа, а и посебно ќе се одржат курсеви на кои ќе се обучуваат нови членови и сите оние кои се заинтересирани за спелеологија и техниките на совладување на спелеолошки објекти.
III. Планирана е посета на повеќе спелеолошки објекти во Македонија од рекреативен и образовен аспект.