РЕКРЕАТИВНО ПЛАНИНАРЕЊЕ

Активности од рекреативно планинарење

ПСК Златоврв Прилеп оваа година ќе организира д1ве поголеми активности од областа на рекреативното планинарење:

I. СИТЕ ВО ПРИРОДА
Традиционалната планинарска акцијата "Сите во природа" на 20 април оваа година ќе се одржи по 22 пат. Суштината на овааакција е повик кон граѓаните на Прилеп за се почесто и поактивно движење во природа, како одговор на се подинамичниот и поурбаниот, а со тоаи позагаден градски живот.
Акцијата се изведува во околината на Прилеп, поточно со почеток од кај патот за с.Селце, па околу Заполшки Рид и завршува на Шаторов Камен.

1II. ПЛАНИНАРСКА ШКОЛА
Оваа година од 09 до 11 мај, кај манастирот Св.Илија, с.Мелница, Мариово, по втор пат ќе се организира планинарската школа на ПСК Златоврв Прилеп. Суштината на планинарската школа е запознавање на членовите на клубот, како и на сите заинтересирани со основите на планинарството и движењето во планина, како и претставување на основите на ориентацијата и спелеологијата преку предавања и практични вежби. Сепак главна цел на клубот и воопшто на планинарската школа е дружењето и изградувањето на позитивен и трудољубив дух кај младите.

III. Што се однесува до останатите активности од областа на рекреативното планинарење, во програмата за 2008 е предвидено да се организира најмалку една планинарска акција (тура, излет, искачување на врв) во месецот.

Покрај тоа предвидено е и учество на клубот на планинарските акции организирани од другите клубови.

До сега беа реализирани неколку такви акции (во околината на Прилеп) а до крајот на годината се планираат уште многу планинарски тури:

 

горе

..:: ВЕСТИ ::..

Вести

спонзори на клубот:

Extreme парфеми