ОРИЕНТАЦИЈА

Натпреварувачката патека во ориентација се состои од неколку елементи и тоа:
-СТАРТ
место од каде започнува патеката (на картата се означува со триаголник)

-КОНТРОЛНИ ТОЧКИ
места во природата кои треба да ги најдеме. На картата се означени со кругови, а во природа со знаменца

-ЦЕЛ
Место каде се завршува патеката, откако сте ги нашле контролните точки.

Секоја категорија се одликува со патека со различна тежина, како во должина и искачување на патеката, така и во техничка тежина (поставеноста на к.т.)