ОРИЕНТАЦИЈА

Картата претставува намалена слика на теренот, прикажана со одредени симболи во одреден размер.
Размер претставува однос на растојанијата во природа и растојанијата прикажани на картата.
1:10 000 размер значи дека 1 mm на карта е еднаков на 10 000 mm (10 m) во природа.
Кај картите за Спортска ориентација се користат следните размери: 1:15 000, 1:10 000, 1:5 000, 1:4 000.
Објектите од теренот на картата се прикажуваат со разни симболи кои можат да бидат во размер или вон размер.
Симболите се групирани во неколку групи:
-релјефни симболи
-симболи за карпи и карпести објекти
-симболи за вегетација
-симболи за вода и водени објекти
-симболи за објекти изградени од човекот
-технички симболи
Секоја група симболи се одликува со одредена боја, што асоцира на објектите кои се прикажуваат со нив.
Повеќе за елементите на картата во прирачникот за "Симболи за ориентациони карти", превземи тука.